Еурофарм Работник го запиша вториот пораз во низа во СЕХА-лигата. За разлика од останатите мечеви сезонава, македонскиот вицепрвак беше целосно надигран, од Брест си заминува во убедлив пораз од 31-22.

„Пеколното“ темпо дефинитивно се одрази врз играта на битолчани, кои на оваа средба беа без Стјепановиќ и Јотиќ, кој се повреди на стартот.

„Честити до Мешков. Ние мечот го изгубивме во првите десет минути, игравме без сила во одбраната и во нападот. На другата страна Мешков постигна пет или шест лесни голови, тешко беше да се вратиме против еден ваков противник“, изјави тренерот на Еурофарм.

Ова беше најубедлив пораз за Еурофарм Работник. Иако во Брест дојдоа ослабени, сепак желбата беше една, но реалноста друга.

„Ова беше најлошиот меч во последните два месеци. Во моментов имаме натпревар на секој три дена, ваквиот распоред не извади од ритам. Останавме и без двајца играчи. Сакавме да докажеме дека сме достојни, на крајот излезе дека не сме. Мешков беше пресилен“, изјави Остроушко.