Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја запишаа првата победа оваа сезона. Серијата од три порази во низа во АЦБ-лигата и еден во Евро-купот заврши вечерва на домашен терен. Тимот од Бадаолна ја совлада Бреша со 81-68 (17-14, 18-22, 23-17, 23-15) во рамките на второто коло во второто по ред европско клупско натпреварување.

Македонскиот репрезентативец во игра мина нецели 16. минути за кои постигна два поени (1/1 за два поени), една асистенција и една украдена топка.

Лидер во редовите на Хувентуд беше Препелиќ со 24 поени и четири асистенции.

По оваа средба, тимот од Бадалона се искачи на второто место на табелата во групата Ц.