Велшкиот репрезентативец Герет Бејл на крајот на сезоната си заминува од Реал Мадрид, тврди мадридски АС. Најскапиот играч во историјата на мадридскиот клуб сака да си замине следното лето поради потценувачкиот однос од тренерот Зинедин Зидан и навивачите.

Последниот проблем меѓу Бејл и Зидан настана во пресрет на мечот од Лигата на шампионите против Бриж (2:2). Бејл не се најде во составот, а потоа доби порака од клубот дека мора да дојде и да го гледа натпреварот. На стадионот задоцни четири минути.

„Бејл е лут, нервозен и збунет. Тој уште не знае зошто е исфрлен од тимот за натпреварот во Лигата на шампионите“, пишува АС.

Бејл сезонава одигра седум натпревари на кои постигна два гола и имаше две асистенции.