На минатиот меч со Словенија не беше во тимот поради повреда, но сега Стефан Спировски, играчот за врска на Хапоел Тел Авив би требало да биде еден од нашите адути за дуелот во четврток.

„Лично очекувам пеколна атмосфера на Арената,очекувам 30.000 гледачи кои ќе навиваат за Македонија. Сакаме да извојуваме победа и во победничка атмосфера да одиме на гостување во Полска. Оваа Словенија не е многу поразлична од онаа со која игравме во Љубљана, да потсетам дека јас не настапив на тој меч, но знам дека тогаш одигравме добро, имавме и шанси за победа. Едноставно квалитетни бевме на тој натпревар. Очекувам во четврток навечер да го дадеме својот максимум, да одиграме најдобро што можеме,а со поддршка од нашите фанови да славиме победа, да ја остварие целта, а таа секако дека е три бода за Македонија“, изјави Спировски.