За неполн час и половина, вториот фаворит на АТП Мастерсот од Серијата 1000 во Шангај, Кина, Роџер Федерер, обезбеди пласман во осминафиналето. Швајцарецот денеска славеше над Шпанецот Алберт Рамос, инаку 46. а АТП листата, со 2:0, по сетови 6:2, 7:6.

Првиот сет Федерер го доби убедливо за само половина час, но малку се помачи во вториот сет, кога Шпанецот одигра многу подобро и го однесе сетот во тај-брејк. Федерер не дозволи посебни изненадувања и со 7:5 успеа да дојде до победа од 2:0. Во осминафиналето Федерер го чека подобриот од дуелот меѓу Кукушкин и Гофин.