Убедлив пораз на Шкупи на првиот меч во главната фаза од квалификациите во Футсал – Лигата на Шампионите. Македонскиот првак вечерва, во првиот меч од групата 6 која се игра ви Макарска (Хрватска), беше поразен од Ерменскиот Лео со 2:7, поточно од „Бразилскиот Лео“, ако се знае дека дури петтмина играчи на овој тим се од Бразил.

Во текот на целиот меч Лео беше подобар, имаше повеќе шанси, постигна седум голови и заслужено ја однесе победата. Шкупи ќе мора на следните два меча да ја побара својата шанса. Првиот гол за чаирчани беше дело на играч на Лео, имено Узунјан во 18.минута си даде автогол, додека во 36.минута, по асистенцијата на Левески, Алими стрелаше во мрежата на Ерменците за 2:5.

Утре нашиот тим, во рамките од 2.коло во групата, се среќава со кипарскиот тим Омонија, додека на 11 октомври ќе ги одмери силите со домашниот состав на Макарска.

ШКУПИ – ЛЕО 2:7 (1:4)

Градски спортски центар во Макарска. Судија: Петар Радојчиќ (Србија). Стрелци: Узунјан (авт) 18., Алими 36. (ШКУ), Покаија2., 32. Алвес Жуниор 8., 13.,37. Де Соуза 14., Мота39. (ЛЕО).Ж. Картони: Алими, Сулејман, Сефери, Цека (ШКУ).

ШКУПИ: Јакупи, Левески, Петровиќ, Агуши, Димовски, Бериша, Фазлиу, Сулејман, Сефери, Алими, Цека.

ЛЕО: Барбоса, Узунјан, Машумјан, Галстајн, Де Кампос, Мкртчјан, Алвес Жуниор, Покаија, Саргасјан,Мота, Карапетјан, Де Соуза,