Вечерва во Макарска (Хрватска), стартуваат мечевите од Групата 6 во главните квалификации во футсал Лигата на Шампионите или поточно Главната рунда на УЕФА футсал Лигата на Шампионите. Нашиот шампион Шкупи, кој по перфектните претквалификации во Скопје, се пласира во оваа фаза, вечерва од 18 часот ќе го одигра првиот меч. Ривал е ерменскиот тим Лео. Секако дека од засилениот состав на тренерот Зоран Лекиќ очекуваме добри игри и добри резултати. Да потсетиме дека во минатите неколку месеци, раководството на нашиот првак успеа да го засили тимот со се што вреди во мак – футсалот.

Шкупи вечерва игра со Лео, потоа следува утрешниот дуел со Омонија од Кипар, а за крај на 11 октомври се среќаваме со домашниот тим на Ново Време од Макарска.

Експедицијата на Шкупи веќе два дена е во Макарска, каде се аклиматизираше и подготвуваше пред овој турнир. На крај да кажеме дека само победниците од групите ќе се пласираат во футсал Лигата на Шампионите.