Ернест Ѓока попладнево го одработи и првиот тренинг со Шкендија. Тој денеска имаше бурен ден во Тетово. Прво  потпиша со тетовци, потоа беше промовиран а потоа и се запозна со играчите со кои ќе работи во следниот период. Раководството на Шкендија не крие дека од албанскиот стратег очекувањата се големи, тој треба прво што побргу да го врати тимот на победничките патеки, а потоа и да се втурне во потера по тие -9 бодови во однос на Вардар.