Светскиот шампион во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон е еден од пилотите со најдолга кариера во шампионатот. Со текот на годините тој имаше вкупно 13 тимски колеги, а деновиве запрашан за споредба кој од нив беше најдобриот, Британецот посочи едно име.

„Искрено, не знам што значи најдобар тимски колега. Ако ме прашате за добрите и лошите страни, тогаш сите ги имаат. Возачите овде ги помнат по својот исклучителен талент. Тимски колега кој технички се издвојуваше над сите останати е Рубенс (Барикело). Екстремно талентиран за подесување на болидот. Од него научив многу“, изјавил Батон.

Батон исто така вели дека совозач кој најмногу го изненадил е Серхио Перез.