Раководството на Шкупи успеа да го задржи Басилио Ндонг до 2022 година. Имено левиот бек од Екваторијална Гвинеја и чаирчани се доворија за продолжување на соработката која еве веќе трае нешто помалку од две години.

Инаку Ндонг минатата сезона играше и во квалификациите во Лигата на Европа на двомечот со големиот Глазгов Ренџерс. Секако дека „виза“ за продолжување на договорот со младиот фудбалер од Екваторијална Гвинеја, дал и новиот шеф на стручниот штаб на Шкупи Ќатип Османи.