Непријатно изненадување доживеаја Талант Душебаев и Келце, кои со 27:26 (14:12) загубија на гостувањето кај Висла Плоцк во дербито од полската лига.

Висла Плоцк последен пат пред три ипол години (март 2016 година) го победила Келце во домашното првенство, а сега тоа го стори во завршните 40 секунди од средбата. Прво дојде до изедначување, а потоа откако успеја да се одбрани Миндегија (кој беше и најефикасен во тимот со шест гола) го постигна победничкиот погодок.

Игор Карачиќ со 5 гола беше прв стрелец кај Келце, додека Алекс Душебаев, Агинагалде и Кулеш имаа по четири гола.