Епизодата на Тијаго Силва во ПСЖ наскоро може да заврши. Бразилскиот фудбалер во Париз дојде во 20212 година, во меѓувреме стана и капитен, но во клубот на големо кројат планови за во иднина, но без него.

Силва се потешко се носи со конкуренцијата, па спортскиот директор на францускиот првак Леонардо најавил дека нема да му понудат нов договор.

Имајќи во предвид дека актуелниот договор му истекува следното лето, тоа значи дека оваа сезона ќе биде последна за него во ПСЖ. Медиумите во Франција пишуваат дека нов договор нема да добие ниту Верати.