Газета дело Спорт пишува дека нема ништо од враќањето на Џенаро Гатузо во Серија А, односно дека тој ја одбил понудата на Сампдорија.

Клубот неофицијално му понудил двогодишен договор и слобода околу „трансфер стратегијата“, но тој му дал негативен одговор на првиот човек на клубот Масимо Фереро.

Гатузо е без ангажман од мај годинава, кога ја напушти клупата на Милан, додека Сампдорија остана без тренер откако клубот реши да го отпушти Ди Франческо по серијата лоши резултати по првите седум кола во новата сезона од Серија А.