Во исклучително интересен и возбудлив дуел, Германија и Аргентина одиграа нерешено 2:2 на вечерашиот тест меч во Дортмунд. И двете селекции имаа по едно одлично полувреме, по кое на крајот си подадоа рака во израмнет дуел во кој можевме да видиме уште по некој погодок.

Германија во првиот дел доминираше и со головите на Гнабри и на Хавертц на пауза замина со предност од 2:0. Во вториот дел Аргентинците ги искористија своите шанси и успеаја да се изборат за реми. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Аларио и Окампос.