Репрезентативецот на Белгија, Дријс Мертенс, објави невкусна фотографија од тренинг-кампот на репрезентацијата. Фудбалерот го покажа својот гол задник на фотографија на која позираат останатите репрезентативци на Белгија.

„Ова е фотографија од мене и од победничкиот тим“, напиша Мертенс на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

Here’s a picture of me and the winning team! 🙋🏼‍♂️ #badloser

A post shared by Dries Mertens (@driesmertens) on

Репрезентацијата на Белгија ќе одигра две средби со националните селекции на Сан Марино и Казахстан, како дел од квалификациите за ЕП 2020 година. Белгијците остварија шест победи на шесте досегашни натпревари и со една нога веќе се на евро-шампионатот.