Додека сите клубови не ги добијат ветените ваучери од Агенцијата за млади и спорт, трошоцте за судии и делегати за натпреварите од Прва лига ќе ги превземе Ракометната федерација на Македонија.

Стартот не мечевите од Првата лига беше одложен поради незадоволство на клубовите од начинот на доделување на ваучерите. По бројни состаноци од АМС ветија дека ќе го исполнат ова барање до 6. октомври, откако не го сторија тоа, РФМ донесе одлука.

Прволигашите ќе бидат ослободени од судиските такси се додека не ги добијат ваучерите, по добивање на истото, трошоците за официјалните лица ќе бидат на нивни товар.