Црвена Звезда денеска нема да го одигра дуелот од Купот на Србија против Трепча. Средбата требаше да се одигра на територијата на Косово, но владата на оваа земја го забрани овој дуел.

Фудбалерите на Црвена Звезда утринава со автобус стигнаа на граничкиот премин Јарине, но се вратени назад во Србија откако не им било дозволено да влезат во оваа земја. Пристигнал и директорот на клубот, Звездан Терзиќ, кој потврдил дека имаат забрана да влезат во Косово.

„Имаме забрана да влеземе во Косово, причината не ја знаеме, само сме информирани дека е одлука на Владата на Косово“, изјави Терзиќ за Б92.

Натпреварот требало да се одигра во Косовска Митровица во 14 часот, истиот е одложен.

ФОТО: Б92