Златан Ибрахимовиќ има уште само три месеци договор со ЛА Галакси, а потоа како слободен може да побара нова средина. Швеѓанецот не ја исклучува можноста да се врати и во Италија, каде што беше дел од Јувентус, Интер и Милан.

Тој истакна дека нема ништо против да се врати во Италија, каде, според него, би бил подобар од сите кои во моментов играат таму.

„Дали би бил подготвен да се вратам во Серија „А“? Да, 100%. Како се чувствувам, како играм, и понатаму би правел разлика дали е тоа во Италија или во некое друго првенство. Немам проблем да се вратам во Италија, и понатаму би бил подобар од оние кои сега се таму“, рече во свој тил Ибра.