СПАРС – МЗТ СКОПЈЕ А. 65:77 (20:16, 15:18, 17:23, 13:20)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и втората победа во новата сезона од АБА 2 лигата, откако на гостувањето против екипата на Спарс во Сараево однесоа победа од 77:65. По релативно слабиот почеток и загубената прва четвртина со 20:16, следуваа три одлични периода за нашиот шампион и на крајот посакувана победа против тимот кој минатата сезона им создаде многу проблеми на „штрковите“.

МЗТ го имаше одличниот Хиндс во првиот дел од мечот кој заедно со Омот успеваа да ја одржат неизвесноста во првите 20 минути, иако домашните отидоа на пауза со еден поен предност. Сепак, вториот дел од мечот комплетно му припадна на нашиот тим. Хиндс продолжи да го полни противничкиот кош, заврши со 23 поени и 9 скока и беше најкорисниот кошаркар на составот од Аеродром на ова гостување. Добра партија имаа и Д. Стојановски со 12 и Омот кој остана на 10 поени.

Кај домашните Камењаш заврши со 16 поени како најефикасен на средбата.