Словенците имаа многу непријатности на патот кон Македонија, а и сега се соочуваат со проблеми со оглед на тоа дека нивниот багаж уште не е стигнат во Скопје. Ова го потеннцираше селекторот на Словенија, Матјаж Кек, кој истовремено мисли дали е саботажа од Полјаците и спрема тактика за Македонија.

„Свесни сме што не чека утре. И ние и Македонија се надеваме на бодови, па нормално е да не очекува еден тежок меч. Проблемот дека не летнавме навреме е реалност, но не ни остави преголеми последици, напротив не мотивира уште повеќе за утрешниот дуел. Нашиот багаж уште не е пристигнат. Не знам дали е саботажа на Полјаците или не затоа што чартерот беше полски. Но, јас не размислувам така. Нека им служи на чест ако има нешто во позадина. И ние и Македонија имаме проблеми со повреди“, заклучи селекторот на Словенија.