Томас Милер, легендата на Барсен и германскиот фудбал во зимскиот преоден рок по 20 години ќе го напушти тимот со кого освои 21 трофеј и за кого одигра 495 мечеви и постигна 186 голови.

„Билд“ ексклузивно открива дека Милер побарал да замине од клубот иако се надеваше дека ќе останњ до 2021 година кога завршува неговиот договор.

„Нико Ковач го деградираше ставајќи го меѓу резервите (во последните пет меча одигра 66. минути), но вистински го отпиша минатиот викенд: Доколку останеме без фудбалери, Милер сигурно ќе добие минутажа. Ова беше потврда дека германскиот фудбалер ќе го напушти Берн“, пишува „Билд“.

30-годишниот фудбалер е разочаран од ваквиот однос бидејќи во последните четири години одби добри понуди. Јунајтед во 2015 година нудеше 100 милиони евра, една година подоцна го сакаше Арсенал, а додека минатата година за него беа заинтересирани Ливерпул и Интер.