Првата ѕвезда на Барселона и на Аргентина, Лионел Меси во интервју за каталонската радио станица РАК1 откри кој му е најдраг натпревар во кариерата.

Меси без дилеми за број еден меч го одбра полуфиналето во Лигата на шампионите во 2011 година, на Сантијаго Бернабеу кога Барса го победи Реал Мадрид со 2:0. Аргентинецот ги постигна и двата гола, а импресивен беше вториот кога сам ја мина одбраната на Реал, а потоа го совлада и Касиљас на голот.

Меси меѓу другото зборуваше и дека крајот на својата кариера го гледа во Барселона, но дека се надева дека дотогаш го чекаат уште неколку години фудбал на високо ниво.