Раководството на Манчестер Јунајтед веќе размислува за смена на Оле Гунар Солскјер на менаџерската позиција. Така „Црвените Ѓаволи“ имаат една желба, а тоа е младиот 32-годишен тренер Јулиан Нагелсман, пишува „Дејли Мејл“.

Меѓутоа има два проблеми за раководството на Манчестер. Првата е што мораат да платат голема отштета ако го отпуштат Солскјер, а потоа да платат обесштетување и за Нагелсман со оглед дека тој од оваа година стана дел од Лајпциг, со кого има договор.