На победа од прва минута, тоа ќе биде нашата девиза на утрешниот меч со Словенија, меч кој може да биде од огромно значење. Се чини дека селекторот Игор Ангеловски подготвува изненадување, едноставно сака тактички да го надмудри својот колега Матјаж Кек.Имено Мрме ќе започне во формација 3-4-1-2, формација во која Елиф Елмас ќе биде полушпиц, а во нападот се Пандев и Несторовски. Тука нема никакви дилеми, ќе напаѓаме со „италијанската тројка“.

РИСТОВСКИ ДОБИ „ВИЗА“ ОД СПОРТИНГ ЛИСАБОН

Во одбраната е „тројката“ Ристевски, Муслиу и Ристовски. Токму овој последниот е единствената дилема, но се чини постојат големи шанси Стефан да се најде меѓу стартерите. Од „физиото“ на Спортинг кој се наоѓа во Скопје, заменик капитенот доби „виза“, е сега ако не може тогаш меѓу стартерите ќе биде Зајков. Во средниот ред како „централни“ ќе бидат Спировски и Адеми, тие се нашиот голем адут, и двајцата искусни и квалитетни играчи за врска, лево треба да биде Алиоски а десно Николов. На голот се знае, неприкосновен е Столе Димитриевски.

Ова се замислите на Ангеловски, од овој состав се гледа дека Македонија ќе тргне во напад од првата минута, Македонија ќе оди на се или ништо. За такво нешто, за победа, ќе треба и поддршка од трибините на Арената „Тодор Проески“, а се очекуваат најмалку 20.000 гледачи. Нам ни останува само да им посакаме среќа на Пандев, Елмас и останатите избраници на Игор Ангеловски. Словенија е силна, но и Македонија е силна.