Македонската фудбалска репрезентација е на Арената „Тоше Проески“, ги прави последните подготовки пред утрешниот меч со Словенија.

Елиф Елмас најави страшен дуел со ново ремек дело. Репрезентативецот испрати порака дека може да погоди од секаде, не само од далечина, туку и од позади гол. Ваква мајсторија видовме пред скоро време, на еден од тренинзите со Наполи.