И официјално, Стефано Пиоли е назначен за нов тренер на Милан. Ова го соопшти официјалната интернет страница. Тој доаѓа на местото на Марко Џампаоло, кој по само три месеци беше отпуштен поради слабите резултати.

Пиоли во минатото ја водеше Фиорентина. Не е омилен кај навивачите, но останува да се види дали ќе се снајде во тимот на „росонерите“.