Непријатност за словенската репрезентација на летот за Скопје, со кој требаше словенците од Љубљана да пристигнат во нашиот главен град, пред утрешната меѓусебна пресметка, дознава „Спортмедиа“.

Репрезентацијата на Словенија веќе половина час е во авион кој не може да полета поради проблеми со климатизацијата во авионот, а без тоа не смее да се лета. Се чека инжинер, но истиот го нема на аеродромот затоа што компанијата „Адрија“ пропаднала.

За да биде проблемот поголем, словенечката федерација ангажирала полска авиокомпанија со чартер лет да ги однесе во Скопје. Интересно е тоа што токму Полска е ривал на Словенија за место на ЕП, па можеби станува збор за саботажа.

Во секој случај словенечката селекција и натаму е „заглавена“ во Љубљана, и засега уште не е полетана кон Македонија.