Пелистер и Пролет ги поделија бодовите, 23:23 (8:9) во последниот меч од четвртото коло во Суперлигата.

Битолските „зелени“ имаа негатива од два гола (21:23) во последните минути од мечот, но прво Трајковски намали на еден негатива, а потоа откако Пролет не го искористи нападот, Талевски реализираше седмерец и донесе изедначување 23:23. Пролет имаше тајм-аут и последен напад во кој не успеја да најде начин како да стигне до победа.

Скопскиот тим имаше сигурен старт со 1:6, но откако Пелистер ги консолидираше редовите да намали на 8:9 на полувремето, додека главната драма се одвиваше во последните минути од средбата.

Андоновски со седум погодоци беше прв стрелец за Пролет, додека Талевски и Петровски имаа по десет гола во редовите на Пелистер.