Ливерпул има добра предност од осум бода пред Манчестер Сити во првите осум кола од Премиерлигата. Четата на Клоп ги има сите победи, додека Сити има два порази и едно реми, и на тоа се должи оваа разлика.

Меѓутоа според книгата напишана од страна на тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, титулата веќе е загубена за неговиот тим. Тој во своето издание „Доверливо“ напишал дека титулите се губат во првите осум кола, а се освојуваат во последните осум.

Сега веројатно се гризе поради тој натпис, и покрај тоа што пред неколку дена кажа дека нема смисла да се прогласува Ливерпул шампион уште од сега, и дека нема намера да се предаде.