Македонската фудбалска репрезентација утре во рамките на 7. коло во квалификациската група, во Скопје ја пречекува Словенија. Победа ќе значи задржување на шансите за пласман на првите две позиции во групата. Затоа овој натпревар е од исклучително значење.

Момците на Игор Ангеловски денеска го имаа и последниот тренинг пред утрешниот натпревар. Сите се подготвени за успех на домашен терен, уште една победа над Словенија и „лет“ кон врвот на табелата.

Еве како изгледаше последниот тренинг низ фотографии: