Во изминатите 27-28 години на самостојност, Словенија се профилира во спортска велесила. Освен скијањето кое секако дека национален спорт  бр.1 , словенците се велесила и во кошарка, одбојка,ракомет а во фудбал имаат учество на ЕП и СП. За земја од 2 милиони жители секако дека ова не е малку, напротив. Но кога сме кај фудбалот, тие се жалат дека нивната репрезентација има катастрофален биланс кога станува збор за дуелите со некогашните „југословенски браќа“. Како што анализираат медиумите во Словенија, нивната фудбалска селекција одиграла вкупно 25 натпревари, тука ги сметаме и пријателските, и на нив имаат само три победи. Едната е со Македонија во Копер кога победија со 1:0, а имаа триумф на пријателска во Подгорица и во квалификациски меч со Србија во 2011 година. И тоа е се. И сами си признааваат дека во фудбалот, се мисли тука на репрезентативниот, имаат набиено комплекс од репрезентациите кои потекнуваат од бившата држава. Токму затоа нивните стравувања од утрешниот меч во Скопје, каде играат со нашата најдобра фудбалска репрезентација. Да се надеваме дека таа нивна црна серија ќе потрае и натаму, дека ќе почекаат на четвртата победа во дуелите со некогашните “југословенски браќа“.