Словенците околу 14 часот пристигнаа на аеродромот во Скопје, меѓутоа ги дочека нов шок. После проблемите со авионот и расипаната климатизација, Словенија со задоцнување летна кон Македонија.

Меѓутоа при пристигнувањето останаа без багажот. Авионот кој што ги пренесувал, имал проблеми со вратата каде што бил сместен багажот. Селекторот Матјаж Кек наредил да се оди во хотелот, па подоцна багажот да пристигне. После 30-тина минути багажот пристигна.

Инаку Словенија е тргната кон Скопје уште во 9 часот, и после шест часа ќе се смести во хотелот.