По турбулентното пристигнување во Скопје, вечерва словенечките фудбалски репрезентативци имаа можност да ја почувствуваат Националната Арена пред утрешниот меч со нашата репрезентација. Иако се полни со самодоверба, Словенците истакнаа дека утре ги чека еден од најтешките мечеви во квалификациите. И двете селекции ги посакуваат бодовите, а Македонија како предност ќе го има домашниот терен и поддршката од трибините.