Нереални сцени во пенал-рулетот денеска во Србија на мечот меѓу екипите на Вождовац и Телеоптик во рамките на 1. коло од Купот на Србија. Имено, екипата на Вождовац која пред само неколку дена го совлада Партизан во српската Суперлига, на домашен терен беше елиминирана од второлигашот Телеоптик на несекојдневен начин.

По нерешените 2:2 во регуларниот дел до кои Телеоптик стигна со гол во 88. минута, следуваше пенал рулетот. Вождовац имаше предност од 7:6 и при изведувањето на клучниот пенал за Телеоптик, домашниот голман успеа да му го одбрани пеналот, по што тргна да прославува, незабележувајќи дека топката продолжи да се движи кон неговата мрежа. Откако со многу среќа Телеоптик успеа да израмни, следуваше промашување на Вождовац и гол за гостите кои се радуваа на пласман во следната рунда.