Шкотскиот стратег Дејвид Мојс може повторно да седне на клупата на Евертон. Британските букмејкери го сметаат Мојс за фаворит во случај на разрешување на Марко Силва, под чие водство „карамелите“ слабо ја започнаа сезоната.

Евертон е во зоната за испаѓање по осум кола од Премиер лигата. Фудбалерите на Силва остварија само две победи на осум средби. Пред почетокот на сезоната, управата на Евертон издвои над 100 милиони фунти за засилувања.

Според извори на англискиот печат, шкотскиот тренер е заинтересиран да се врати во Евертон. Во следното коло Евертон ќе биде домаќин на Вест Хем и овој меч ќе биде одлучувачки за иднината на Силва на клупата на „Гудисон Парк“.