Неуспешен старт на нашите надежи до 17.години на претквалификацискиот турнир во Полска за ЕВРО. Попладнево во Торун, во првиот меч од групата 1, загубивме од домашната селекција со 2:3. Иако треба веднаш да се каже дека добро тргнавме, со голот на Ѓоргоски во 19.минута успеавме да поведеме со 1:0, но потоа следуваа три гола на домашната селекција која во тој дел од мечот беше подобра и дојде до водство од 3:1. Стрелци беа Балшевич, Куштал и Козловски, во финишот Саитовски успеа да намали на 2:3.

Наредниот меч го играме во сабота, и тоа против силната Белгија која пак против Лихтенштајн „броеше“ до 12.

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА 2:3 (1:1)

Стадион во Торун. Судија: Пол Меклахлин (Р. ИРС). Стрелци: Ѓорѓиевски 19., Саитовски 88. (МАК), Балшевич 29, Куштал 63., Козловски 70. (ПОЛ).Ж. Картони: Леговски (ПОЛ).

МАКЕДОНИЈА: Митрев, Ибраими, Ѓоргоски, Реџепи, Тасевски, Лимани (90. Стојановски), Талаков (76. Саитовски), Ракипи, Фета, Таипи, Трпчевски (77. Трпчевски).

ПОЛСКА: Баковски, Томал, Бачшевич, Мосор, Малец, Кисиел, Леговски, Циелемецки, Козловски, Куштал (74. Журек), Водарчук (78. Василевски).

РЕЗУЛТАТИ ПРВО КОЛО

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА 2:3

БЕЛГИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 12:0

ТАБЕЛА

  1. БЕЛГИЈА 1 1      0      0      12:0 3
  2. ПОЛСКА 1 1      0      0      3:2   3
  3. МАКЕДОНИЈА 1 0 0      1      2:3   0
  4. ЛИХТЕНШТАЈН 1 0      0      1      0:12 0

ИДНО КОЛО – 12.10.2019

БЕЛГИЈА – МАКЕДОНИЈА

ПОЛСКА – ЛИХТЕНШТАЈН