Победа на Шкупи во вториот меч од главната фаза во Футсал Лигата на Шампионите, во групата која се игра во Макарска. Триумф над Омонија со 7:4, во трилер меч, во меч во кој на крајот нашиот шампион заслужено се радуваше на освоените први бодови во групата. Чаирчани постојано имаа водство, но во финишот на средбата Омонија успеа да израмни на 4:4, потоа следуваа трите гола на Сефери, Сулејман и Димовски и се беше готово, кипарскиот тим не можеше одново да се врати во „игра“. Ова е прва историска победа на нашиот шампион во оваа фаза во футсал Лигата на Шампионите. Во петок чаирчани се среќаваат со домашниот состав на Ново Време.

ШКУПИ – ОМОНИЈА 7:4 (3:2)

Градски спортски центар во Макарска. Судија: Влад Николае Чобану (Романија). Стрелци: Сефери 2., 32., Левески 17., 22., Алими 17., Сулејман 30., Димовски 36. (ШКУ), Мантели 5., 5., 23., Маноли 29. (ОМО). Ж. Картони: Агуши (ШКУ), Стлилианоу (ОМО). Ц. Картони, Агуши (ШКУ).

ШКУПИ: Бериша, Левески, Агуши, Сефери, Алими, Јакупи, Фазлиу, Сулејман, Глигоров, Петровиќ, Димовски.

ОМОНИЈА: Скампулис, Мантели, Переира, Маноли, Јоану, Стилианоу, Павлоу, Лакоуфис, Стилианоу, Вандерсон, Лоизао, Ел Кебе.