Руската тенисерка Марија Шарапова се присети на голем кошмар од минатото. Во интервју за „УС Магазин“, во кое требаше да каже 25 непознати факти за себе, Маша раскажа дека омилена серија и е „Чернобил“ и неколку пати ја гледале и се уште не можела да поверува во тоа што се случило.

Има нешто во што уште не можам да го заборавам и постојано ја гледам серијата, за да сфатам што се случило. Не можам да поверувам дека мајка ми живеела само 30 километри од регионот каде што се случила нуклеарната катастрофа додека била бремена со мене. За среќа успеала да избега на време, па имам среќа што сум се родила“, призна Шарапова кој дополни дека мајка и и ја раскажала приказната како бегала од тоа место и се преселила во Нјагањ, во сибирската област.

Во тој град е родена Шарапова, неколку месеци по трагедијата во Чернобил која се случила во 1986 година.

Мајка и и раскажала како била исплашена од сите можни болести и пореметувања која малата Марија би можела да ги има поради радијацијата.