Пол Погба остана на „Олд Трафорд“ иако цело лето се пишуваше за неговото заминување. Французинот најмногу беше поврзуван со Реал Мадрид, нешто подоцна се појави информација дека и Јувентус сака да го врати.

Погба е несреќен во Јунајтед, додека „кралевите“ се вртат кон нови играчи, „Tuttosport“ тврди дека во јануари може да заврши во Торино.

26-годишниот фудбалер мина четири години во дресот на Јувентус по што замина во Англија. Тој нема ништо против одново да се врати во редовите на италијанскиот првак.

Неофицијално челниците на клубот се подготвени да ги дадат Емре Џан и Марио Манџукиќ во зимскиот преоден рок.

Двајцата играчи не се најдоа на листата на Јувентус за Лигата на шампионите, а хрватскиот репрезентативец кој на мета на Јунајтед оваа сезона не запиша настап ниту во Серија А.