Фудбалската федерација на Македонија информираше дека досега продала 15 илјади билети за натпреварот меѓу Македонија и Словенија од квалификациите за ЕУРО 2020, кој утре вечер ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашите фудбалери ќе имаат и тоа како голема поддршка во битката за нови бодови во групата против еден од главните фаворити во нашето друштво.