Петтиот триумф во најсилната француска лига сезонава Кирил Лазаров и Нант го запишаа на гостувањето кај Кретеј каде славеа вечерва со 27:34 (14:15).

Лазаров го предводеше Нант со три погодоци од пет обиди, но и пет асистенции.

Најдобриот македонски ракометар имаше одлично отворање на средбата, па благодарение на неговите погодоци и асистенции, Нант средбата ја отвори со водство од 4:1, а потоа одржуваше константна резултатска предност. Во еден момент од мечот Кретеј благодарение на одличниот Микаел Робин (мечот го заврши со 12 интервенции) фати приклучок и на полувреме замина со минимални 14:15.

Во продолжението Нант создаде комотна разлика со која дојде до победа и бодови со кои останува на второто место на табелата во лигата зад ПСЖ.