Видно задоволен, селекторот Игор Ангеловски по натпреварот рече дека Господ ги наградил момците, и покрај нервозата и поништениот гол пред крајот на првиот дел. Сега вели дека со зголемена самодоверба се патува во Варшава на дуелот со Полска.

„После денешниот натпревар само можам да кажам „Браво момци“. Иако имавме проблеми, некои на други позиции, некои после три месеци пауза, дадовме се од себе. Ние сме фамилија, и кога губиме и кога победуваме сме заедно, така ќе биде и понатаму.

После овој натпревар ни се зголемија шансите да се исполни целта. Веќе сум сконцентриран што не чека во Варшава. Сите знаеме дека Полска беше апсолутен фаворит, но мислам дека можеме да се носиме“, рече Ангеловски кој за Елмас даде коментар:

„Немам зборови за Елмас, се кажа на теренот“, рече Ангеловски.

Тој призна дека играчите биле изнервирани на полувремето по поништениот гол.

„Малку беа изнервирани играчите, им реков да се смират, дека доминираме, дека не смее ништо да не исфрли, и дека Господ ќе ни ја даде победата. Така и се случи“, рече Ангеловски.