Белгија е првата репрезентација која се пласира на Европското првенство 2020 година откако вечерва го здроби Сан Марино со 9:0. Четата на Мартинез има седум од седум и гол разлика од 28:1 на три кола до крајот што значи дека и да ги изгуби сите мечеви ќе го заземе едно од првите две места во групата.

А Холандија имаше многу проблеми во мечот со Северна Ирска и тоа на „Де Кујп“ во Ротердам.
Ирците дадоа гол во 75 минута откако Магенис ја погоди мрежата на Силесен. Но во 80 минута Депај изедначи, а во судиското надополнување на времето Де Јонг и уште еднаш Депај обезбедија конечни 3:1 за „Лалињата“ кои се први на табелата со 12 бодови исто колку и Германија и Северна Ирска со тоа што Островјаните имаат меч повеќе.