Голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон, отворено зборуваше за поврзаноста која ја има со Јувентус и желбата која беше ресудна за негово враќање во Торино оваа сезона.

„Некои беа збунети околу мојата нова улога во клубот. Јас можам само да кажам дека единствениот клуб каде би можел да се согласам да бидам во улога на втор голман е Јувентус. Мило ми е што повторно ги поздравив навивачите и се вратив во соблекувалната кај моите соиграчи, со кои толку многу доживеав и на фудбалскиот терен и надвор од него. Затоа го направив овој избор и се вратив тука“, изјавил искусниот чувар на мрежата.

Буфон (41) се врати во Јувентус во летниот преоден рок како слободен агент, откако една сезона помина во ПСЖ.