Во пресрет на попладневниот меч од квалификациите за ЕВРО 2021 година во Подгорица, црногорските „Вијести“ направија големо интервју со нашиот селектор до 21.година Благоја Милевски, и тоа со бомбастичен наслов – „Милевски е творецот на македонското фудбалско чудо“. Се разбира дека мислат на тоа дека токму Милевски беше селектор на У-21, кога во 2017 година ја однесе таа генерација на ЕВРО во Полска. Притоа црногорците велат дека таков успех досега нивната репрезентација немала.

Милевски за „Вијести“ говори и за тие времиња, за тоа како една „мала“ Македонија била пред Франција, Украина, Шкотска во тие квалификации. Потоа тој смета дека Македонија и Црна Гора имаат светла фудбалска иднина и дека тие се трудат да се создадат едни нови Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ и други познати некогашни фудбалери, кои потекнуваат од двете земји.