За последното место во ростерот од 15 играчи на Голден Стејт Вориорс во претсезонскиот дел се бори внукот на НБА легендата Скоти Пипен, Кавион Пипен, центар висок 208 см.

Кавион одработи само неколку тренинзи со Вориорс, но тоа дека тимот е „тенок“ на центарската позиција го прави фаворит за едно од местата во екипата.

Дури три центри на Голден Стејт се повредени, Кевон Луни, Вили Стејн и српскиот руки Ален Смајлагиќ, па Кавион многу значи за тимот во подготвителниот период.

Голден Стејт Вориорс во последните пет сезони играа исто толку финалиња и освоија три шампионски прстени.