Со свечената церемонија на доделувањата на одличјата на најдобрите во конкуренција на тимови заврши вториот ден од ИТТФ турнирот во пинг-понг, кој се одржува во Скопје.

Во конкуренција на тимови кај јуниорите најдобар беше тимот на Хрватска, Хрватите во финалето ја совладаа Романија со 3:1. Бронзените медали отидоа кај пинг-понгарите на Словачка и Тајван.

Кај јуниорките најдобри беа Романките кои во финалето беа поуспешни од тимот на Србија со 3:0. Третите места ги поделија Белгија и Словачка.

Во кадетска конкуренција кај момчињата најуспешен беше мешаниот тим од Перу и Белгија чии што играчи ги надиграа Романците со 3:1, а бронзените медали отидоа кај селекциите на Словачка и Шпанија.

Кај девојчињата во кадетска конкуренција најуспешни се Романките, кои во финалето ја совладаа Белгија со 3:1. Бронза освоија Шведска и мешаниот тим на Словачка и Србија.