Вардаровото крило Тимур Дибиров делуваше самоуверено и расположено во пресрет на големиот дуел со Кил во 4. коло од групата Б во Лигата на шампионите.

„Среќен сум што доаѓа време за еден ваков натпревар. Се плашиме кога играме со екипи на пониско ниво, затоа што тогаш има многу работи кои може да ни недостасуваат, мотивација, или преголема самодоверба, да не сме недоволно спремни, поинаква е слика… Сега сакам да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Влегувам со едно такво расположение, ова е меч во кој може да се случи сè. Да го победиш Вардар во Скопје сакам да го видам тоа. Ние сме подготвени без разлика со каква сила ќе дојде Кил тука. Знаеме кој сме ние… Возбудени сме, нетрпеливи е едвај го чекаме дуелот за да покажеме по ова коло кој е кој во Лигата на шампионите“, изјави Дибиров.

Затоа и вака настапувам затоа што сакам да видиме со Кил до каде сме и да ги измериме силите сега во Скопје и ако не се правам фраер за две титули во три години, сега кога играм во Скопје, кога!?