Како што и личи. Во пресрет на вечерашниот натпревар новинари, ТВ екипи, обични навивачи од Словенија побрзаа да го посетат Дарко Панчев во неговото кафуле во Скопје, да се видат со еден од најдобрите напаѓачи во поранешна СФРЈ, играчот на векот во Македонија. Имаше шеги, прогнози за тоа кој ќе победи, убава глетка во секој случај. Инаку Панчев имаше интервју и за ТВ Словенија во кое покрај другото истакна дека тој смета дека најдобри фудбалери, според него, во историјата на Словенија биле Бране Облак, Среќко Катанец и Златко Захович.