Дуелот меѓу ЛА Лејкерс и Бруклин во рамките на предсезонските дуели од НБА лигата кој е закажан за денеска во Шангај, ќе се одигра, и покрај затегнатите односи меѓу Кинеската кошаркарска асоцијација и НБА тимовите.

Новинарот Дејв МекМенамин објави дека средбата сигурно ќе стартува, но новинарите нема да можат да комуницираат со играчите.

„Засега, натпреварот треба да се одржи. Но, ниту еден од тимовите нема да може да комуницира со печатот, ова е насока дадена од кинеската влада “, напишал новинарот.

НБА лигата влезе во политички конфликт со Кина, откако генералниот директор на Хјустон Рокетс, Дарил Мори ги поддржа протестите во Хонг Конг со свој твит на социјалната мрежа. Мори го избриша твитот, но Кинеската кошаркарска асоцијација објави прекин на соработката со Хјустон.